Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ нема да мора да почека до крајот на мај за да им се придружи на своите соиграчи од Милан на тренинзи, но тоа ќе се случи следната недела, јавуваат италијанските медиуми.
Ибрахимовиќ се врати од Шведска во Милано во понеделникот и требаше да биде во карантин 14 дена. Ова значи дека тој не можеше да се врати на тренинзите во Миланело до 26. мај, но бидејќи од понеделник до денес направи два теста на Ковид и двата беа негативни, тој ќе добие дозвола за кратка самоизолација.
Според Италијанците, следната недела ќе се изврши тест, а доколку резултатот е добар, тој веднаш ќе им се придружи на другите соиграчи на тренинзите.
По враќањето од Шведска, Ибра веднаш отишол во Миланело за тестирање, а остатокот од изолацијата ќе го помине во неговиот стан во Милано.
Вчера, од балконот на истиот, тој ги контактираше своите следбеници на социјалните мрежи и рече дека “Бог се вратил во градот и дека ги надгледува сите”.
Да потсетиме, италијанските клубови веќе неколку дена имааt дозвола своите играчи да тренираат индивидуално во тренинг камповите, а од почетокот на следната недела, дозволени се и групни тренинзи.
Ибрахимовиќ е на позајмица во редовите на „Росонерите“ до крајот на сезоната и неговата иднина засега е непозната. Златан постигна четири гола за клубот од јануари до почетокот на март, кога првенството беше прекинато.
Со оглед на тоа дека ќе му биде дозволен пократок карантин, треба да почекаме и да видиме дали истата работа ќе им биде дозволена и на другите sвезди во Серија А кои деновиве исто така поминуваат време во своите станови и куќи. Еден од нив е Кристијано Роналдо, кој се врати во Торино пред 10 дена и чека уште четири дена карантин.