Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера како што наведуваат медиумите во Шпанија, Зидан потврдил дека Бејл нема да биде во конкуренција за подготвителните натпревари, бидејќи се работи на негово заминување.
„Не бепе во конкуренција бидејќи чекаме за да замине. Кога би можел да замине утре, тоа би било добро за нас“, изјави Зидан.
Се пишуваше дека за него е заинтересиран Манестер Јунајед, како и Тотенхем, но официјални понуди нема.
Сепак, се чини дека Бејл нема да остане во Европа, туку ќе оди во Кина, таму го посакува клубот Јиангсу Сунинг.
Тие се спремни на Бејл да му понудат плата од околу 17 милиони евра, а денес направија потег кој наведе дека трансферот е веќе договорен.
Имено, тие на Инстаграм ги следат само своите спонзори и своите поранешни и сегашни играчи, а од денес го следат и Герет Бејл.
Па така сите со нетрпение чекаат, посебно во овој клуб од Кина, го чекаат расплетот на ситуацијата и да видат дали Бејл навистина ќе дојде во нивниот клуб.