Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марио Манџукиќ во текот на целото лето се поврзува со неколку клубови со обзир дека неговото заминување од Јуве е многу изгледно.
Хрватскиот напаѓач не е во плановите на Сари, па разбирливо е зошто толку се пишува околу неговото заминување, иако засега и понатаму е дел од тимот од Торино.
На самиот почеток Борусија Дортмунд се спомнување како наредна дестинација на Манџукиќ, а подоцна го поврзуваа и со Баерн.
Минатата седмица се чинеше дека конечно ќе го напушти Јуве и ќе потпише за Манчестер Јунајтед, но и тоа не се случи.
Некои хрватски медиуми пишуват дека Севиља е заинтересирана за напаѓачот на Јуве, но набрзо следуваше демант за тие информации.
„Нема ништо од тоа. Заборавете на тоа. Доведувме веќе двајца напаѓачи, а тренерот (Лопетеги) игра со еден“, рече официјално лице од Севиља, во телефонски разговор за Хина, новинска агенција од Хрватска.
„Можеби евентуално да доведеме еден голман и тоа е тоа“, додаде службеното лице.