Еден клуб ја затвори вратата за Ибрахимовиќ: „Ние сме сиромашни“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Ибрахимовиќ сонуваат многу клубови, првенствено тие од Серија А, пред се Милан, за кој веќе играше и Болоња поради неговото пријателство со Синиша Михајловиќ.

Еден клуб денес ја затвори вратата за Ибра. Првиот човек на Аталанта, Антонио Перкаси изјави дека клубот од Бергамо е сиромашен и едноставно не може да си дозволи играч како Ибра.

„Тоа е невозможно. Тој е голем играч, не можеме да си го дозволиме. Ние сме сиромашни и состојбата на нашата сметка треба да биде на место“, изјави Перкаси.

Аталанта во последните години е еден од најдобрите италијански тимови, а оваа сезона по прв пат во клупската историја се натпреваруваат во Лигата на Шампините.