Еден куп ѕвезди би можеле да го засилат новиот член во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Беневенто од следната сезона повторно ќе игра во Серија А откако на убедлив начин обезбеди промоција станувајќи шампион во Серија Б на цели седум кола до крајот на првенството.

Тимот предводен од легендарниот Пипо Инзаги имаше одлична сезона и сосема заслужено наредната година ќе игра во елитното друштво.

НО, за да не ја повторат грешката од пред две сезони кога беа катастрофални во Серија А и веднаш испаднаа, сега во клубот се решени да донесат неколку големи имиња на европскиот фудбал.

При крај е реализацијата на трансферот на Лоик Реми кој своевремено го носеше дресот и на Челси, а се преговара уште со Марек Хамшик, Андре Шурле и Џон Оби Микел.