Еден од клучните фудбалери на Дортмунд во „аут“: Дефинитивно ја пропушта битката за титулата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ашраф Хакими нема да може да игра до крајот на оваа сезона.

Еден од најдобрите играчи на Дортмунд оваа сезона, се здоби со фрактура на коската на стапалото и дефинитивно ќе мора да замине на подолга пауза која значи дека ќе мора од трибините да ја следи битката за титулата на својот тим.

Хакими има само 20 години, на позајмица е од Реал Мадрид, а докажа во Дортмунд дека има квалитет да се натпреварува со најдобрите на светот.

Не е тоа единствен проблем за Борусија, и Абду Дијало е повреден и прашање е колку ќе изостанува.