Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Време е за првото овосезонско “Ел Класико”. Сепак, тренерот на Барселона, Ханси Флик, се соочи со голем проблем пред најголемиот натпревар во шпанскиот фудбал.
Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми, еден од најдобрите играчи на “Блауграна”, Рафиња, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за тимот против Реал Мадрид.
Иако од четврток се зборуваше дека Бразилецот треба да биде во составот, ситуацијата денес се промени, бидејќи 28-годишниот крилен напаѓач почувствувал болки и го напуштил тренингот на Каталонците.
Барселона навистина ослабена влегува во дуелот со најголемиот ривал. Покрај Рафиња, германскиот стручњак нема да може да смета и на двајцата голмани, Марк Андре тер Штеген и Џоан Гарсија, потоа Гави, Дани Олмо и Роберт Левандовски.
















