Един Џеко доби што посакуваше од Интер


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Един Џеко најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Интер.

Босанскиот напаѓач се договори за сите услови околу договорот со Неразурите, а со нив ќе потпише тригодишен договор.

И покрај тоа што порано во италијанските медиуми се шпекулираше дека Џеко ќе потпише договор на три години вреден четири милиони евра по сезона, Един на крајот ќе добие нешто повеќе од тоа.

Договорот ќе биде потпишан на три години, платата ќе биде нешто поголема и Џеко ќе добие 4.5 милиони евра на годишно ниво.

Интересен е фактот што босанскиот фудбалер доби практично што посака од Интер. Овој тим практично му понуди договор на две години и 5 милиони евра по сезона, но Џеко побара една година повеќе со помала сума на пари.

Тоа на крај беше прифатено. Џеко го доби она што го посакуваше, а преостана уште клубовите да се договорат околу сумата за трансферот. Интер ќе понуди најмногу 15 милиони евра, а Рома има побарување од 20 милиони.

Сепак, се претпоставува дека ќе се оствари трансферот и тоа за многу краток период.