Един Џеко и Иван Перишиќ наредната сезона во ист клуб, но не во Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе некое време се шпекулира дека Един Џеко ќе ја напушти Рома и дека ќе се врати во Премиер лигата, а се чини дека по неговите стапки може да тргне и хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.

Газета дело Спорт утрово објави дека Џеко и Перишиќ наредната сезона можат да бидат соиграчи, но не во дресот на Интер, туку во лондонски Вест Хем.

Џеко со Вест Хем се поврзува веќе неколку недели и наводно биле договорени сите услови со овој клуб. Тој очигледно нема да остане во Рома и судејќи според се повторно ќе го гледаме во Премиер лигата.

Но, се чини дека во пакет со него во Англија може да пристигне и Перишиќ кој долго време е на мета на клубовите од Англија. Некогаш се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, кој прати понуда за него, но Интер тоа упорно го одбиваше.

Меѓутоа, се чини дека Перишиќ сега би можел да заигра во Премиер лигата, но во дресот на Вест Хем. Лондонскиот клуб сака да се засили ова лето и наредната сезона да избори пласман во Европа, а доколку ги доведат Џеко и Перишиќ сигурно дека ќе бидат сериозно сфатени.