Един Џеко пред прагот на Интер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Босанскиот напаѓач Един Џеко се наоѓа на еден чекор од прагот на Интер.
Негов нов тим најверојатно ќе биде Интер, каде што Дијамантот би требало да го замени аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Како што тврди италијанскиот медиум Gazzetta dello Sport, преговорите помеѓу Рома и Интер траат веќе подолго време. Сега најверојатно се во фаза на мирување, но ќе бидат продолжени веднаш по завршницата на оваа сезона.

Gazzetta тврди дека цел овој трансфер ќе се заврши без никакви проблеми и дека Џеко ќе биде „поклон“ за новиот тренер Антонио Конте кој би требало да раководи со тимот на Интер од наредната сезона.

Не е познато колкав е износот кој Неразурите ќе го издвојат за доведување на босанскиот репрезентативен, но се претпоставува дека тоа ќе биде цифра која ќе биде помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Така, Един после четири одлични години ќе ја напушти Волчицата, за која во нејзиниот дрес постигна 87 погодоци во 175 одиграни натпревари.