Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија, Единсон Кавани, ја заврши својата епизода во Бока Јуниорс.
Овој искусен 39-годишен напаѓач, после три сезони со Бока, одлучи да го напушти клубот, да го раскине договорот, но не планира завршување на кариерата.
Имаше огромни проблеми со грбот во претходната сезона и тоа е наведено како причина за раскинување на договорот.
За аргентинскиот гигант Кавани постигна 28 голови на 81 натпревар колку што одигра во овие три сезони.
“Ел Матадор” во својата кариера има освоено уругвајска Примера, Купот на Италија со Наполи, шест титули со ПСЖ, пет купови со истиот клуб, а со уругвајската репрезентација има освоено Копа Америка.
















