Една ѕвезда на Реал Мадрид за настапот против Барселона доби – нула!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона доби уште едно вечно дерби против Реал Мадрид (2-1), а дел од фудбалерите на Карло Анчелоти беа вистинско разочарување на теренот.

Карим Бензема и Лука Модриќ ниту сезонава не можеа да влезат во вистинска форма, а шпански „АС“ без милост удри по двете ѕвезди на „кралевите“.

„Бензема повторно беше невидлив на теренот. Не прима топка и не може да помогне на теренот. Карим е далеку од добра форма. Модриќ мора да го заборави овој натпревар затоа што неговата игра беше очајна“, објави шпански „АС“.

„АС“ го оцени Бензема со – нула, додека Модриќ доби двојка.