Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Минатата вечер Сергеј Горбок соопшти дека ќе го напушти европскиот шампион Вардар, а денеска од екипата си замина и Домен Сикошек Пелко.
Словенечкиот пикер ќе го напушти Вардар и ќе ја продолжи кариерата во Ла Риоха од Шпанија. Пелко беше дел од македонскиот тим една година, а пристигна минатото лето од Австрија.
Пелко немаше поголема улога во екипата, бидејќи не се покажа најдобро на теренот, па поголема минутажа од него доби Сергеј Горпишин.