Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската ракометна федерација (ЕХФ) на нивниот веб-сајт објави дека повторно ќе биде одложен фајнл-фор турнирот во Лигата на шампиони и тоа за 28 и 29 декември, откако претходно Германија ги забрани сите поголеми собири до 31 август.
Завршниот турнир беше закажан за 30/31 мај во Келн, но мораше да биде преместен поради коронавирусот и тоа за 22/23 август, по што доживеа и второ одложување.
Се очекуваат наскоро и нови термини за натпреварите на фајнл-фор турнирите во женска и машка конкуренција во ЕХФ-Купот.