Еклстон: Би примил куршум за Путин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон го пофали неговиот голем пријател и претседател на Русија, Владимир Путин, кој е еден од најомразените луѓе во Велика Британија поради војната во Украина.

Еклстон ја изненади јавноста со изјавата дека би примил куршум за Путин, со кој се големи пријатели од 2014 година, кога првпат се одржа трка во Русија.

„И понатаму би примил куршум за Путин. Мислам дека ми е помило да останам неповреден, но за него би примил куршум. Тој е голем човек и ги прави работите кои смета дека се добри за Русија. За жал, сите понекогаш правиме грешки, а кога ќе ги направиш, треба и да ги поправиш“, кажа Еклстон.