Екс-фудбалер на Ливерпул со солзи во очите ја заврши кариерата поради проблеми со срцето! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Лацио, Лукс Леива во изминатите месеци играше во бразилски Гремио, но во декември му беше откриен проблем со срцето, поради кој мораше да замине во пензија.

Иако сакаше да остане на теренот уште некое време, сепак Леива мора да мисли на здравјето и поради тоа се повлече од фудбалските терени.

„Сакам да му се заблагодарам на Гремио за целата поддршка во овие три месеци. Денеска се пензионирам. Не мислев дека ќе ме видите како плачам. Се надевав дека ситуацијата ќе се подобри, но тоа не се случи. Моето здравје е на прво место“, кажа Леива.