Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Барселона се соочува со неочекувани логистички пречки, па второто првенствено „Ел Класико“ за сезоната можеби ќе се одигра надвор од Шпанија.
Иако натпреварот е планиран за викендот на 10/11 мај, на Олимпискиот стадион Монжуик баш тогаш е закажан концерт на легендарната рок-група Ролинг Стоунс.
Поради фактот што реконтструкцијата на Камп Ноу сè уште трае и нема да биде завршена пред крајот на годината, Барселона ќе мора да најде друга локација за овој важен дерби натпревар, како и за други натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Постојат можности Ел Класико за првпат во историјата да се одржи надвор од Шпанија. Потенцијални меѓународни стадиони се Лион и Марсеј, познатиот Вембли во Лондон, а како поинтересни опции се разгледуваат Мајами и Саудиска Арабија.















