Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер Стефан Ел Шарави ја напушти Рома и кариерата ќа ја продолжи во дресот на Шангај Шенуе.
Тој во Рома стигна пред три години, а минатата сезона беше еден од најдобрите во тој тим. Но на изненадување на навивачите на римскиот клуб, челниците на Рома одлучија да го продадат.
Овој 26-годишен фудбалер кариерата ќе ја продолжи во далечната Кина, каде што потпиша тригодишен договор. Рома од неговото продавање ќе заработи 18 милиони евра.
Ел Шарави од доаѓањето во Рома одигра 139 натпревари и постигна 40 голови и запиша 26 асистенции. Се очекува Рома во наредните денови да доведе замина за овој играч.