Ел Шарави пред трансферот не можеше ниту да сонува


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Стефан Ел Шарави се пресели од Рома во Шангај Шенху во Кина пред една година, но тој има желба да се врати во Серија А.

27-годишниот фудбалер има договор на уште две години, но се повеќе се пишува за тоа дека Ел Шарави сака да се врати во Италија. Претходните месеци тој се поврзуваше со неколку клубови, но немаше конкретни понуди.

Сепак, утрово Тутоспорт ги изненади сите со информацијата дека поранешниот играч на Милан и Рома е мета на Јувентус. Старата дама сака да донесе крило покрај напаѓачот, а Ел Шарави е еден од играчите на списокот со желби на Андреа Пирло.

Наводно, Ел Шарави е подготвен на сè да се врати во Серија А, а за трансферот во Јувентус сигурно не можеше ниту да сонува. Тој дури рече дека ќе се согласи на значително намалување на платата бидејќи во Кина моментално заработува 16 милиони евра годишно.

Јувентус е заинтересиран да го донесе Ел Шарави на едногодишна позајмица, а доколку тој ги оправда очекувањата, тогаш ќе размислат да го откупат неговиот договор.