Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека на епизодата Стефан Ел Шарави во Рома и се ближи крајот, со обзир на тоа дека тој сега се согласи на траснфер кој првично го одби.
Уште порано се појавија информации за понудата на кинески Шангаи Шенуа за кричниот напаѓач на Рома.
Сепак, иако 26-годишниот Ел Шарави привчно ја одби можноста да ја продолжи кариерата во Кина, италијанскиот „трансфер гуру“ Џанлука Ди Марцио сега тврди дека фудбалерот на Рома се предомислил.
Имено, преговорите помеѓу Рома и Шангај Шенуа продолжуваат и двата клуба допрва треба да пронајдат заеднички јазик по прашањето на висината на надокнадата.
Наводно Рома за Ел Шарави бара најмалку 20 милиони евра, додека понудата од Кина изнесува 14 милиони евра – со додатни бонуси.
Додека траат овие шпекулации, Скај Спорт соопшти дека кинескиот клуб го договорил трансферот на напаѓачот на Вест хем Маро Арнаутовиќ за 25 милиони евра.
Инаку Ел Шарави минатата сезона одигра 33 натпревари за Рома во сите натпреварувања, постигна 11 голови и запиша седум асистенции.