Ел Шарави се враќа во својот поранешен клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стефан Ел Шарави, ѕвездата на кинескиот Шангај, откри дека малку недостасува да се врати во Италија.

Италијанецот не се сомневаше многу минатото лето кога Шангај му даде шанса добро да заработи на Далечниот исток, но по само неколку месеци размислува да се врати дома.

Причината за ова е коронавирусот чиј епицентар беше токму Кина, но и желбата да се натпреварува на Европското првенство.

„Кога избувна коронавирусот во Кина, јас бев на работ да се вратам во Рома“, откри Ел Шарави на „Инстаграм“ во живо кога разговараше со Фабио Канаваро, додавајќи:

“Во тој момент разговарав со кинескиот клуб и објаснив дека треба да најдам решение за да ја заслужам поканата на Манчини на Европското првенство. Од таа причина, преговарав со Рома и со уште еден клуб, но остана само на тоа”.

Крилниот играч претходно помина четири сезони во Рома и одигра 139 натпревари во тој период, постигнувајќи 40 гола со 25 асистенции.