Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој во моментов се соочува со повреда, би можел да се врати во редовите на турскиот гигант Фенербахче.
Причината за оваа потенцијална промена е неговата ограничена минутажа во Лајпциг, каде што, дури и кога е подготвен за настап, речиси и да не добива шанса да игра.
Елмас пристигна во Лајпциг минатата сезона како големо засилување од Наполи за сума од 24 милиони евра. Се очекуваше да добие повеќе простор за игра во германскиот клуб отколку во Наполи, но ситуацијата се разви во спротивна насока.
Во тековната сезона, Елмас има само шест настапи во кои вкупно одигра 89 минути, што е разочарувачки резултат за играч со неговите квалитети.