„Елмас го купивме за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше одличен настап против Барселона, па запиша една асистенција, кога го прати Жорди Алба по „бурек“, а поради тоа доби големи пофалби.

Поранешниот турски фудбалер и тренерот на Фенербахче, Ајкут Кочаман имаше само пофални зборови за Елмас по вчерашниот настап против каталонскиот гигант.

„Елмас пристигна кај нас за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони. Го гледав неговиот последен настап, тој беше главен на теренот. Настапот на Елмас беше вистинско уживање“, кажа Кочаман, кој лани доби отказ од кормилото на Башакшехир.

Македонецот играше за Фенербахче пред да се пресели во Наполи, каде што стана важен дел од екипата.