Елмас го претрча цел терен за да даде гол против Аталанта (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра уште еден одличен меч за Наполи и помогна во победата против Аталанта од 3-1 во 31. коло од италијанската Серија А.

Елмас влезе од клупата за резервни фудбалери, а во 81. минута го претрча цел терен, по што доби одлична топка од Ирвинг Лозано и ја испрати во мрежата на Мусо за победа од 3-1.

Претходно голови за екипата од Неапол постигнаа Инсиње и Политано, додека Де Рон стрелаше за Аталанта.