Елмас: Наполи оди на победа против сите и ќе се бори за Скудетото


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Елиф Елмас призна дека има добар однос со тренерот Лучано Спалети и кажа дека до крајот на сезоната ќе се обидат да го освојат Скудетото.

Наполи на домашен терен ја пречекува Фиорентина во следното коло, па тоа ќе биде тежок предизвик, но ќе се обидат да ја совладаат и да останат во битка за првото место.

„Во Бергамо беше тешко против Аталанта, но успеавме да одиграме добро и да ги освоиме бодовите. Ќе се обидеме да славиме во сите натпревари до крајот на сезоната и да го освоиме Скудетото. Имаме одличен однос со Спалети. Се почитуваме и морам да признаам дека многу работи се променија откако дојде на тренерското столче“, кажа Елмас.