Елмас потпиша за Лајпциг!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Елиф Елмас си замина од Наполи и се пресели во Лајпциг во трансфер вреден 25 милиони евра.

Елмас денеска ги помина медицинските прегледи по што стави потпис на соработка со бундеслигашот.

Лајпциг на македонскиот репрезентативец му понудил поголема минутажа од таа што ја имаше во Наполи, па тоа е една од причините поради кои се реши за трансферот.