Елмас сакал лани да си оди од Наполи!

Италијански „Телевормеро“ објави дека македонскиот фудбалер Елиф Елмас сакал да си замине од Наполи минатото лето, но тренерот Лучано Спалети го убедил да остане.

Елмас размислувал да замине од Наполи, а во тој момент постоеше интерес од Милан, меѓутоа Спалети разговарал со македонскиот фудбалер и му кажал дека ќе има важна улога во екипата.

Македонскиот фудбалер остана „џокер“ оваа сезона, односно во првите 14 натпревари кога имаше два дуели на кои беше стартер, а засега има пет голови за Наполи.

Наполи е на добар пат да го освои Скудетото бидејќи има 10 бодови повеќе од Интер.