Елмас стартер за Наполи против Бреша


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас повторно се наоѓа во стартниот тим на Наполи, овој пат за гостувањето против Бреша.

Елмас и претходните два натпревари беше стартер, но за разлика од средбите со Интер и Каљари каде играше на левата крилна позиција, овој пат Елмас ќе игра во средината на теренот.

Нашиот интернационалец со своите игри дефинитивно го привлече вниманието на јавноста во Италија која го притисна Гатузо се почесто да размислува да го става во почетните 11.