Ембид ги нападна соиграчите по поразот од Бостон (Видео)


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Филаделфија загуби од Бостон во „мајсторката“ и остана без финале во Источната конференција, а најдобриот кошаркар на екипата, Џоел Ембид ги критикуваше неговите соиграчи.

Ембид го заврши натпреварот со 15 постигнати поени, додека Џејмс Харден даде само девет поени и тоа беше пресудно.

„Имаме недовршена работа во иднина. Ништо не освоивме, а оваа година имавме шанса. Одигравме седум меча, имавме сè на своја страна, но не победивме. Ќе видиме што ќе се случи. Харден има опција да го продолжи договорот, верувам дека заедно со него може да направиме многу работи. Потребно е да бидеме добар тим за да победуваме“, кажа Ембид.