Ембид и Смарт ќе се степаа на почеток на сезоната: Се обиде да ми ја скрши раката (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Бостон селтикс и Филаделфија пејсерс ја отворија сезоната во НБА-лигата, а славеше тимот на Бостон со 126-117.

Мечот го одбележа и инцидентот меѓу Маркус Смарт во зелениот дрес и Џоел Ембид во дресот на Филаделфија.

Тие двајца не се „мирисаат“ од 2019 година, кога Смарт лут поради еден лакт на Ембид го турна кошаркарот на паркет.

Овој пат мораа да реагираат и останатите соиграчи на теренот за да спречат тепачка, а Смарт доби техничка грешка откако се најде на паркетот.