Ембид призна: Јокиќ ја заслужи МВП-наградата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемиот ривал за титулата за најкорисен кошаркар во НБА-лигата, Џоел Ембид нема проблем со тоа што Никола Јокиќ ја доби наградата од најсилната кошаркарска лига.

Долго време траеше борбата меѓу двајцата кошаркари, а Јокиќ на крајот ја доби наградата, и тоа втора година по ред, па многумина ги интересираше што мсли Ембид.

„Тоа го знаев неколку недели претходно. Можеби две недели пред да заврши регуларниот дел од сезоната. Едноставно, знаев дека ќе се случи. Му честитам на Никола, ја заслужил наградата затоа што имаше одлична сезона“, кажа Камерунецот.