Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некогашниот тренер на ПСЖ и моментален шеф на стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери откри занимливи детали од кариерата на напаѓачот на Парижаните, Килијан Мбапе.
Мбапе, кој синоќа беше прогласен за најдобар играч во Лига 1, во ПСЖ пристигна летото во 2017 година кога оваа екипа сеуште беше предводена од Емери. Шпанскиот стручњак се присетува како младиот Француз за време на таа сезона сакал да го напупшти клубот и да премине во Реал Мадрид.
Во игра беше и Барселона, но Емери со помош на тимот од ПСЖ сепак успеа да го убеди Мбапе за да остане и да го избере проектот кој стои пред ПСЖ.
„Разговарав со него и неговиот татко да остане. Сакаше да го одбере Реал Мадрид, а исто така имаше шанса да замине и во Барселона. После се, сепак го уверивме во проектот кој стои пред ПСЖ и го убедивме да остане. Моравме да „мавнеме пари на маса“ и тоа го направивме“, рече Емери.
Инаке, Мбапе таа сезона дојде како позајмица од Монако, а во клубот остана за цифра од 180 милиони евра. Оваа сезона тој беше неверојатен и на 42 одиграни натпревари има постигнато дури 38 погодоци.
Мбапе моментално, според Траснфермаркт е дефинитивно најскапиот фудбалер во светот, а многу го сметаат како вистински наследник на Кристијано Роналдо и Лео Меси.
Кога е во прашање Емери, тој во Париз помина две сезони и за време на една од тие успеа да освои една Лига 1. Денес тој е тренер на Арсенал со кој за неколку денови ќе игра во финалето на Лига Европа против Челзи.