Емери наскоро треба да стане поранешен, а на клупата на Арсенал ќе седне творецот на чуда?

Шпанскиот стручњак Унаи Емери се наоѓа под голем притисок поради лошата серија на резултати во која се најде неговиот Арсенал.

Веќе на големо се шпекулира дека Емери можно е да ја напушти клупата на Топџиите, а се споменуваат и менаџерите кои би можеле да го заменат на Емиратите.

Дејли Меил тврди дека главниот кандидат за превземање на клупата на Арсенал е актуелниот менаџер на Волверхемптон – Нуно Еспирито Санто кој наводно многу брзо треба да седне на загреаната клупа.

Еден од челниците на лондонскиот клуб – Раул Санлехи е во многу добри односи со португалскиот стручњак. Спремен е да му понуди работа и уверен е дека тој е вистинскиот човек за клупата на лондонскиот тим.

Еспирито Санто врши многу добра работа со Волвсите. Во клубот стигна во 2017. година и веќе после една година успеа да конкурира во Премиер Лигата.

Исто така тие играат многу добро во Европската Лига, а во првенството работите одат премногу добро и неговиот тим се наоѓа на петтото место на табелата.

Ќе видиме дали овој 45-годишен тренер навистина посакува да седне на клупата на Арсенал кој веќе со години е заглавен во Премиер Лигата.