Емери тргна жестоко во Париз: Нагази како никој досега!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Новиот тренер на ПСЖ, Уна Емери од првиот ден им воведе жестоко темпо на своите играчи.

Баскиецот кој со Севиља ја покори Европската лига, очигледно несака да си дозволи грешки во клубот, кој го платија “солено”. ”

Да,  вистина е,  нагази како никој досега. Откриваме нови начини на работа. Целиот персонал  се изразува професионално, но сигурен сум знае што прави”,откри Адриен Рабио и додаде:

“Мислам дека тоа ќе ни користи добро, бидејќи минатата сезона беше навистина долга. Мораме со тоа да стигниме до добра подготвеност во раната фаза на првенството”,заклучи играчот од средниот ред на францускиот првак, пренесува Goal.