Емил Павлов се закити со сребрен медал на СП во Дубаи 🎥

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов имаше многу добра борба против олимпискиот шампион Стивен Да Коста, но сепак загуби и го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство во Дубаи.

Павлов му парираше на Да Коста, кој успеа во завршницата да го совлада македонскиот каратист за кого ова е најголемиот успех во кариерата.

На патот до финалето Павлов беше подобар од Матеј Хомола, Сардин Сајматов, Абдалах Хамат, Али Елкасави и Маршал Тадиси.