Емилијано Мартинез се договори со Астон Вила, Артета носи Исланѓанец на негово место


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Емилијано Мартинез се договори со тимот на Астон Вила и во следните денови треба и официјално да биде претставен како нов член на овој клуб.

Вториот голман на Арсенал си заминува од тимот во потрага по првотимски фудбал, а „топчиите“ од неговиот трансфер ќе искешираат сума од 16 милиони фунти.

Микел Артета веднаш го пронајде решението за негов наследник во името на голманот на Дижон, Рунар Алекс Рунарсон.

Постои опција нашиот Дени Илиев оваа сезона да фигурира како трет голман на тимот од Северен Лондон.