Емре Чан се огласи со искрен коментар: Не сум среќен, би можел да побарам нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Емре Чан даде искрена изјава по која посочи дека не е среќен во клубот и дека би можел да побара нова средина.

Германецот истакна дека постои можност и да се врати во Бундеслигата и најави што поскоро заминување од клубот.

„Враќање во Бундеслигата? Мислам дека никогаш не треба да се вели никогаш. Не сум среќен со ситуацијата во Торино, мора да се промени на некојначин. Или да се промени во Торино илида најдам нова средина“ –изјави Чан.

За Емре Чан постои интерес од Брусија Дортмунд и Баерн Минхен, а за него се распрашува и Манчестер Јунајтед.