Енцо без дозвола го напушти Лисабон и слета во Лондон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез без дозвола пропуштил два тренинзи на Бенфика и слетал во Лондон, каде што треба да помине медицински прегледи и да потпише за Челси.

Светскиот шампион со Аргентина од Катар привлече големо внимание, а Челси веќе ги договори личните услови со него, но не сака да ја плати клаузулата од 120 милиони евра.

Фернандез има само 21 година, а за Бенфика досега одигра 25 натпревари при што постигна три гола и четири асистенции.

Бенфика овој фудбалер го купи за само 12 милиони евра и за може да заработи сума до 10 пати поголема од таа што го откупи.

Челси во моментов преговара со Бенфика за исплата на паричните средства затоа што премиерлигашот не сака наеднаш да ги даде сите пари.