Енцо Фернандез: Среќен сум што ќе бидам дел од гордоста на Лондон


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Челси го претстави Енцо Фернандез, кој доаѓа од Бенфика за 121 милион евра и ќе го носи дресот со број пет.

Енцо потпиша договор на осум ипол години со „сините“, по што кажа дека е горд што се преселил во екипата од Лондон.

„Благодарен сум му на Челси кој направи сè за да ме вклучи во овој проект. Среќен сум што ќе бидам дел од гордоста на Лондон и ќе играм во најдобрата лига во светот. Едвај чекам да излезам пред навивачите“, кажа Енцо.