Енцо Фернандез стана најскап фудбалер во историјата на англискиот фудбал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси долго време се бореше за Енцо Фернандез и на крај се договори со Бенфика за трансфер на аргентинскиот репрезентативец.

Бенфика го продаде Енцо за сума од 121 милион евра, а Челси го урна претходниот рекорд во англискиот фудбал кој го имаше Џек Грилиш.

Челси му даде плата на Енцо од 10 милиони евра по сезона и договор до 2031 година, а клубовите се договорија на еден час пред крајот на преодниот рок, по што беа потпишани документите.

Треба да се спомене дека 25 отсто од парите ќе добие претходниот клуб на Енцо, односно Ривер плејт.