Енди Родик жестоко го нападна Ѓоковиќ: Тој е човек кој сака да го убие бамби во очите на навивачите, не му е гајле за…


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Осуда на сметка на Новак Ѓоковиќ по инцидентот на УС Опен стигнуваат од сите страни, а последен од оние кои го нападнаа Србинот е Енди Родик.

Поранешниот тенисер го нарече Ѓоковиќ негативец во трката со Роџер Федерер и Рафаел Надал. Америакнецот истакна дека се вознемирил што Новак не бил загрижен за грлото на жената која беше погодена од топчето, туку притискал да се продолжи натпреварот.

„Тој во последните шест месеци доживува пи-ар дебакл. Новак на некој начин е негативец. Во овој период кога сите ги сакаат Надал и Федерер, Ѓоковиќ е човекот кој сака да го убие бамби во очите на љубителите на тенисот.

Тоа беше несреќен настан. Дел кој мене ме вознемири е разговорот од 20 минути на мрежата, а ми делуваше како да не е загрижен за грлото на жената. Потоа ја прескокна прес конференцијата, што дополнително ја влоши работата“ –изјави Родик.