Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше против Борусија Дортмунд во дербито на третото коло во Лигата на шампиони (ЛШ) со 5-2.
Дортмунд тргна добро во натпреварот и погоди преку Мален и Гитенс за водство од 2-0 во првото полувреме.
„Кралевите“ се разбудија во вториот дел од средбата и постигнаа дури пет погодоци, од кои три беа дело на Винисиус Жуниор, а по еден постигнаа Рудигер и Васкез.
Реал Мадрид по три одиграни кола има шест освоени бодови, колку и Борусија Дортмунд.