Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството во НБА-лигата, во соработка со сопствениците на клубовите, напорно работат на продолжување на натпреваритево најсилната кошаркарска лига во светот.
И повеќето играчи се нетрпеливи, додека не може да кажеме дека нема и такви што се скептични за продолжување на НБА-лигата.
Ерик Гордон, фантастичниот играч на Рокетс е во оваа категорија и за локалните медиуми во Хјустон зборуваше за работите што треба да се направат за продолжување на натпреварите.
“Верувам дека ќе бидат доволни 25 дена за да се подготвиме и да се вратиме во форма, иако не верувам дека ќе има такви што ќе можат да се вратат во претходната состојба, таму каде што беа во времето кога се прекина лигата. Сепак, мислам дека за враќањето на паркетот најважно ќе биде враќањето на тимскиот дух, хемијата, бидејќи скоро сите екипи ќе продолжат без повредени играчи, најблиску до победите ќе бидат оние екипи кои успеваат да воспостават хемија на теренот по толку долго време и само така да функционираат без разлика колку квалитет и талент имаат тие “, рече Гордон, еден од најважните играчи на Рокетс, кој до 11. март кога се прекина НБА лигата, бележеше 14,5 поени по натпревар.