Ериксен доби дозвола од Интер – може да бира меѓу три тимови!


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе го напушти Интер во зимскиот преоден рок затоа што не е во плановите на тренерот Антонио Конте, иако од него многу се очекуваше по пристигнувањето во Милано.

Италијанскиот „Тутоспорт“ тврди дека три тима покажале интерес за ангажирање на данскиот фудбалер. Тоа се ПСЖ, Баерн и Арсенал. Помеѓу овие три клуба треба да се бара неговиот нов тим.

Не е познато дали Ериксен ќе замине во замена за некој друг играл или Интер ќе успее да го продаде, но јасно е дека нема повеќе да биде член на Нероаѕурите.

ПСЖ наводно се спремни да понудат размена за Парадес, Баерн го нуди Толисо, а Арсенал Гранит Џака.

Многу брзо ќе дознаеме каде Ериксен ќе ја продолжи кариерата, а својот престој во Милано нема да го памети по добро.