Ериксен мора да биде продаден во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот голман на Тотенхем, Пол Робинсон смета дека времето на Кристијан Ериксен во клубот истекло и дека тој мора да биде продаден во јануари.

Данецот има уште помалку од една година од неговиот договор и веќе во јануари може да преговара со другите клубови за евентуален слободен трансфер на лето. Сепак, доколку Тотенхем сака да заработи нешто на него ќе мора да го продаде во јануари.

„Мислам дека Ериксен е вистински проблем. Ќе има уште шест месеци од договорот и доколку сака да си оди на лето, зошто тоа да не го стори во јануари и Тотенхем да заработи на него. Ќе добијат пари за него во јануари, а тој мора да биде искрен и да каже дека сака да си замине“- истакна Робинсон за „Скај Спортс“.