Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи одигра 1-1 против Интер во реваншот од полуфиналето на италијанскиот Куп, а домаќините на крајот успеаа да се пласираат во финалето поради победата на првиот меч.,
Интер одлично го отвори мечот во третата минута со гол на Кристијан Ериксен директно од корнер за водство од 1-0.
Тимот на Антонио Конте беше подобар и во продолжение на средбата, а Оспина успеа да го спаси Наполи од пораз.
Наполи во 41. минута успеа да израмни на 1-1, а фантастичната контра во гол ја претвори Дрис Мертенс.
Мертенс со овој погодок се запиша во историјата на Наполи како најдобар стрелец, а ова му беше 122 гол за клубот.