Ериксен откри кога ќе се врати на фудбалските терени


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен за италијанските медиуми откри кога планира да се врати на теренот и повторно да игра фудбал.

Светот уште ги памети сцените од стадионот во Копенхаген кога данскиот репрезентативец колабираше на теренот поради срцев удар.

По реанимација и масажа, Ериксен беше испратен во болница, каде што мина неколку дена и му беше вграден дефибрилатор.

Фудбалерот кој има договор со Интер во среда се врати во Милано, а во разговор со соиграчите призна дека очекува годинава да излезе на теренот.

„Добро сум. Мислам дека за четири, пет месеци повторно ќе почнам да играм фудбал“, кажа Ериксен.

Ериксен има договор со Интер на уште две години и најверојатно ќе остане во редовите на актуелниот италијански шампион.