Ериксен воодушевен по дербито со Милан: Ова го нема во Англија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новото засилување на Интер, данскиот интернационалец Кристијан Ериксен е воодушевен по дербито против Милан.

Данецот има одлични први импресии од Италија, а вчерашната победа уште повеќе му ги подигна впечатоците за италијанската лига.

„Се прашав што е ова. Беше неверојатно искуство, нешто што го нема во Премиер лигата. Навивачите подготвија спектакуларна кореографија со која ја прекрија целата трибина. Тоа го нема во Англија затоа што тоа не им е дозволено. Овде навистина чувствувате дека навивачите ве туркаат од моментот кога клупскиот автобус ќе стигне пред стадионот. Лупаат по возилото, ја чувствувате нивната страст и тоа колку им е важен натпреварот“ –изјави Ериксен.