Ерлинг Халанд брилјира во дресот на Борусија, но доби една изненадувачка забрана


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот 19 годишен фудбалер, Ерлинг Халанд дополнително ја крена формата по неговиот трансфер во Борусија Дортмунд и животот меѓу „милионерите“ го започна на неверојатен начин.

Имено, Норвежанецот на три натпревари има постигнато седум погодоци во дресот на Борусија Дортмунд па разбирливо е да биде доста интересен за странските медиуми.

Меѓу прашањата кои му се поставуваат се и тие поврзани со репрезентацијата и полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Србија. Од Норвешката фудбалска федерација му забраниле на играчот да дава било какви изјави поврзани со репрезентацијата.

Талентираниот голгетер има право да дава изјава само за телевизијата ТВ2 која ги има телевизиските права за пренос на натпреварите на репрезентацијата на Норвешка.