Ернандез се спаси – наместо затвор, доби условна казна и ќе плати 400 евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукас Ернандез заедно со неговата сопруга имаа жестока караница во февруари 2017 година, по што Судот го осуди на 31 ден друштвено корисна работа и забрана за доближување во следните шест месеци.

Меѓутоа, љубовниот пар не помисли да се раздели и тие се венчаа, по што избегаа на меден месец во Мајами, но по враќањето беа приведени во Мадрид.

Шпанскиот Суд реши Ернандез да оди в затвор, но потоа ја прифати неговата жалба и сега фудбалерот доби условна казна во рок на траење од четири години, како и парична казна од 400 евра.